Banner 02 Top

Аларми

Безбедноста на домот е нешто кое што не треба да го занемариме, а особено кога се работи за индивидуален објект за домување (куќа). Кога живееме во повеќесемеен објект безбедноста можеби е на едно повисоко ниво, но во индивидуалните објекти за домување мора да се посвети посебно внимание на безбедноста.

Алармните системи во пракса се покажани како солидно решение за зголемување на безбедноста во домот. Постојат неколку типови на аларми, но ќе ги споменеме само алармите со систем на сензори на движење како најупотребувани на нашите простори. Овој тип на аларми може да биде поврзан со некоја од компаниите за обезбедување кои што нудат таков тип на услуги, а може да бидат и самостојни, односно поврзани со сирена или пак со тивок аларм, кој што сигнализира на претходно внесен телефонски број.

Алармот се активира пред напуштањето на домот со внесување на шифра, и тогаш се активираат и сензорите за движење поставени на клучни позиции во просторот кој е обезбеден. По детектирање на било какво движење, доколку алармот не се исклучи со внесување на соодветна шифра, истиот се активира и сигнализира на претходно подесен начин.

Модел на сензор на движење

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: