Banner 03 Top

Автоматски врати

Паркирањето може да биде подземно или надземно, во склоп на објектот. Кога станува за надземно паркирање секогаш е најдобро доколку сме во можност да направиме затворен паркинг за возилото.

Затворениот паркинг најчесто се пристапува преку автоматска врата која што работи на електрична енергија и се активира на сензор поставен во возилото или пак на далечински управувач.

Доколку се работи за сензор, по приближување на возилото на одредено растојание вратата за паркинг се активира самата, а доколку се работи за далечинско управување, потребно е притискање на тастер за да се отвори вратата.

Постојат различни типови на врати, а најупотребувани се роло вратите кои што вертикално се отвараат нагоре и во горниот дел постои дел каде што се намотува самата врата. Постојат неколку типови и на овој тип на врати, а се повеќе се употребуваат вратите кои што додека се затворени во централниот дел на вратата се формира класично вратно крило со што можеме да ја користиме гаражата без да мораме комплетно да ја отвараме вратата.

Со денешните “паметни домови”, гаражните врати многу лесно можеме да ги поврземе на мобилна апликација па контролата врз вратата да ја имаме на од било каде во светот.

 

Сподели на социјалните медиуми: