Banner 02 Top

Батерии за вода

Можеби една од најинтересните теми при изградба или реновирање на една бања, секако представува изборот на соодветни батерии за вода.

Батериите за вода, вклучително и соодветните спојни елементи за поврзување на истите со водоводната инсталација, мора да бидат сертифицирани и со одличен квалитет, бидејќи истеите може да предизвикаат големи материјални штети. Квалитетот подразбира да бидат изработени од атестиран метал, во принцип месинг, квалитетно хромиран, потоа срцевината односно мешачката глава за топла/ладна вода мора да биде изработена од порцелански дискови, спојните панцир црева да се изработени од полиетилен појачани со челик.

Групирање на батериите за вода:

  • батерии за мијалник во бањата
  • батерии за мијалник во кујната
  • батерии за туш кабина, вклучително и туш систем со статичен туш
  • батерии за када
  • батерии и вентили соодветни за поврзување на машини за перење алишта, садови, ек-вентили за различни намени

Несомнено, тема која заслужува време и внимание, а секако поврзана со дизајнот на батериите за вода е изборот за вградливи или надградни батерии. Вградливите батерии се многу пофункционални, полесни за одржување, нудат индивидуални погодности врз основа на желбата на купувачот и мора детално да се испланираат во фазата на изведба на водоводната инсталација, токму поради причината што се вградуваат во ѕидот под плочките. Надградните батерии се многу поедноставни за инсталација, одговараат одлично при реновирање на стари бањи, меѓутоа ограничуваат во дизајнот и индивидуалните желби на купувачот.

Значајно да се напомене е дека за потребите на јавните тоалети, постојат специјални батерии за вода кои можат да бидат механички или сензорски кои се исклучително функционални и едноставни за употреба и сервисирање, а тоа ги прави многу практични за намената.

Како што претходно нагласивме спојните елементи како различни видови на ек вентили, батерии за машина за садови имаат круцијална функција при поврзување на батериите за вода и соодветните машини за домаќинство, бидејќитие се основната врска за спојување со водоводната инсталација (која е под постојан притисок). Честопати употребата на неквалитетни вакви елементи, доведува до дефекти кај истите и предизвикување на ограмни материјални штети.


Тимот на Градам.МК врз основа на искуството сублимирано од инвеститорите, крајните потрошувачи и архитектите Ви ги препорачува следниве брендови од Германско потекло:

• HANSGROHE (секаков вид на батерии за вода, туш системи со статичен туш, вградливи и надградни)
• Schell-armaturen (различни видови на сензорски батерии, висококвалитетни спојни делови како ек вентили, батерии за поврзувањена машини за перење садови, алишта…)

Истите може да ги погледнете во салотите на ШАТЕ Керамика во Скопје и Битола.

Ова е линк до официјалната веб страна на ШАТЕ Керамика.

Сподели на социјалните медиуми: