Banner 03 Top

Базени

Најсветлата точка на секој двор, посебно во нашиот географски појас е – базенот.

Прва поделба би била:

  • Внатрешен (покриен) и
  • Надворешен (отворен) базен

Внатрешните (покриени) базени можат да се вклучени во куќата (во габаритот) или да се сместени во дворот а да се покриени, Дополнително, надворешните (отворени) базени може да се:

  • вкопани или
  • надземни

Надземен базен

Внатрешниот базен внесува огромна доза на комфор во домот. Можноста во било кое време од годината да можете да се освежите и релаксирате во чиста и топла базенска вода, е задоволство што не секој може да си го приушти.

Кај изведбата на внатрешен базен, внимавајте, дури и при планирањето на објектот, на фактот дека базенот создава огромни количини водена пареа, без разлика на разликата во температурата на водата и амбиенталниот воздух. Ова имајте го во предвид при изборот на глет-маси и бои во домот, а посебно внимание посветете на планирањето на вентилацијата на базенските простории.

Следна тема за размислување е филтрацијата и одржувањето на квалитетот на водата. Најчесто се користи филтер за механичка филтрација на водата, со додавање на хлор како средство за отстранување на кислородот во водата, кој е единствен фактор за созвадање на алги во водата.

Системот за филтрација не е премногу комплексен. Се состои од пумпа, филтер и евентуални додатоци, во зависност од технологијата на филтрација. Просторот кој треба да се испланира е околу 3-6m², подземен или надземен, со лесен пристап до него.

Надземно поставен филтер за базен

Доколку базенот е со поголем волумен и за повеќе корисници, потребна е изведба и на посебен систем за компензација на вода, која ќе го преземе вишокот вода при повеќе капачи и ќе го врати кога базенот ќе остане без корисници.

Во базенот се изведуваат две точки за одлив на водата (кон филтерот) и тоа скимер (за собирање на површинската нечистотија) и топ-сифон за одлив на водата од дното, а со тоа и чистење на нечистотијата од дното на базенот.

Можеби најважен дел е дизајнот на базенот и изборот на облога. Изберете облик кој одговара на стилот на домот, без разлика дали е внатрешен или надворешен базен, а реално можностите за облагање се:

  • плочки
  • фолија

На крај, сте чуле ли за новите ткн. БИОТОП базени? Новина се дури и во светот, а наместо хемиски средства за филтрација и држување на водата, користат природни билки и песочна подлога за целосно природен изглед на базените. Испланирајте, изградете, уживајте.

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: