Banner 01 Top

Централни правосмукалки

Можеби најпрактичната работа во домот, ако ја прашате домаќинката. 🙂

Наместо секогаш да ја влечете правосмукалката, во секоја соба која ја чистите, користите локални излези од инсталацијата за централна правосмукалка.

Со користењето на централна правосмукалка се користат неколку големи предности:

  • се избегнува буката на стандардните правосмукалки
  • се внесува повисоко ниво на филтрација на нечистотија (најчесто HEPA)
  • се користат самоодржливи системи, кои користат водена филтрација и кои автоматски ја заменуваат водата во филтерот кога е нечиста и веќе некорисна
  • секоја точка на куќата е достапна со црево со стандардна должина
  • поголема трајност на системот

Стандарден влез за правосмукалката

 

Употребата на ваков систем се планира во првите фази на проектот, како би се предвиделе инсталации низ ѕидовите и конструкцијата на објектот.

Изглед на стандардна централна единица на ваков систем

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: