Banner 05 Top

Декоративни ѕидни техники

Декоративните техники во домот можат во голема мера да го „разубават“ и да допринесат за пријатно чувство во домот без притоа премногу да го нарушат или да доминираат во просторот. Се разбира, сето ова може да се постигне само со користење на декоративните ѕидни техники во одредена мерка и сооднос со оглед на големината на просторот.

Ѕидните и плафонски декоративни техники постојат во безброј варијации, во смисол на боја и завршна обработка, а останува на инвеститорот или пак на дизајнерот за внатешно уредување сето тоа да го усогласи во хармонична реализација.

Најпознати или пак најупотребувани декоративни техники кај нас се:

  • „Травертино“

  • Натур бетон

  • „Марморино“

  • „Рафаело“

Квалитетот на ѕидната декоративна техника се состои од две клучни компоненти:

  • Квалитет на материјалот кој што се употребува

  • Знаење и стручност на монтерот или мајсторот кој што ја изработува одредената техника

Начинот на изработка на ѕидна техника варира од случај до случај меѓутоа поголемиот дел од техниките се изработува на следниот начин:

  • Класично глетување на ѕидната или плафонската облога

  • Доколку е потребно, се извршува премачкување со специјална подлога за одредена техника

  • Изработка на техниката (тука најголемиот дел од изработката се сведува на искуството и стручната спремност на мајсторот). Се користат и разни алатки за изработка како: четки, ваљаци, разни сунѓери, метли и останати средства со чија помош се добива поквалитетна и пореална изработка на одредената техника.

  • Доколку е потребно процесот може да се повтори неколку пати додека се добие посакуваниот финален изглед на техниката.

  • На крајот следува сушење кое што може да трае и до неколку дена во зависност од временските услови.

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: