Banner 01 Top

Преградни ѕидови

Главната улога на ѕидот е квалитетно да ги раздвои собите. Квалитетно, значи да се постигнат:

  • висока звучна изолација
  • висока термичка изолација
  • брза и лесна пренамена, т.е. промена на позицијата на ѕидовите
  • носивост на товари (лесни товари како слики, полици, до тешки товари како бојлери, конзолни шољи, итн.)
  • да не се одземе од корисниот простор на собите
  • да не се оптовари непотребно конструкцијата на објектот

Праксата во Македонија ги користи следниве типови на елементи за преградни ѕидови:

  • полни тули – сé поретко се користат поради повисоката цена и големата тежина. Тежината им е поволна за постигнување на повисока звучна изолација, но со тоа постигнуваат ниска термичка изолација.

 

  • керамички блокови – можеби најчест елемент за преградни ѕидови, со намалена тежина од полната тула,  произведени од ист материјал, а останатите својства директно зависат од перфорацијата, густината и ширината на елементите.

  • пено-бетонски (најчесто силикатни) блокови – лесни блокови со релативно ниска густина. Со напредна термичка изолација и прецизност. Имаат лесна обработливост, со што се постигнува поголема брзина на градба, во споредба со керамичките елементи

  • сувомонтажни гипсени ѕидови – популарно наречени Кнауф ѕидови, претставници на современите технологии. Функционираат на посовремени принципи на градежна физика, па предничат во делот на звучната и термичката изолација, можноста за преместување, рециклирање и сл.

 

Кај сите овие технологии, градежната физика зависи од типот на употребениот материјал (густина, дебелина, начин на монтажа/ѕидање…), но просечно, за преграден ѕид со ширина од 12-15cm, параметрите се движат вака:

Параметрите од табелата се преземени од релевантни стандарди и правилници кои ја пресметува звучната изолација според густината на материјалите (без предвид на аномалии при ѕидање).

По анализата на достапните информации за повеќе технологии на преградни ѕидови, Градам.МК ви препорачува употреба на Кнауф сувомонтажен ѕид, W112, поради:

  • одличната звучна изолација
  • одличната термичка изолација (многу важно во услови кога не се грее цела куќа)
  • малата маса и дебелина (повеќе простор и помали оштетувања при земјотрес)
  • можност за преместување на ѕидовите, како огромна предност при реновирање и пренамена на простор

Линк до официјалната страна на системот и производителот.

 

Сподели на социјалните медиуми: