Banner 04 Top

Глетување

Глетувањето е процес на завршно рамнење на ѕидовите  (било да се Кнауф или ѕидани, па малтерисани). Во развиените градежништва, квалитетот на завршното глетување се класифицира во 4 категории.

  • К1 – најгруба површина соодветна за поставување на пластични или метални ѕидни панели
  • К2- груба површина, соодветна за поставување на текстурирани текстилни тапети или облоги
  • К3- фино глатувана површина, соодветна за позиции каде не паѓа светлина под остар агол и
  • К4- најфино (дебелоснојно) глетување, соодветно за позиции на кои паѓа светлина под остар агол

Согласно ова, степенот на рамност на ѕидот, најдиректно зависи од употребениот тип на светлина. И нормално, слабо изглетуван ѕид ќе покаже повеќе грешки, доколку на него се нанесе светлина под остар агол.

Стерилно бела соба, типична за модерните стилови

Глетувањето, се почесто добива и декоративна функција на ѕидовите. Искусна молерска рака, може да создаде вистински ремек-дела од стандардните глет-маси, со употреба на посебни алатки, премази, бои и лакови.Техника “Антико”

Техика “Дрво”

Техника “Рафаело”

Техника “Tрева”

 

Декоративните техники стануваат доста популарни во домовите, создавајќи нова живост на онака досадните бели, рамни ѕидови.

Побарајте совет од архитектот, слики од интернет и искусна молерска екипа (декоратери) и паметно поставете ги ваквите рекоративни детали во домот.

Во продолжение погледнете што може да направи молер со уметничка душа. 😉

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: