Banner 04 Top

Камини

Огништето уште од праисторијата е најудобниот дел од домот. Тогаш како место за греење, денес, најчесто, како место за опуштање. Признајте, има нешто волшебно во одморањето покрај убав камин!

Камините можат да користат различни горива:

  • дрво
  • плин
  • алкохол (етанол)

Оние на дрво се најтрадиционални и најмасивни системи. Потребни им се масивни ѕидови, начесто од камен и скоро по правило се поставени на фасадните ѕидови. Огниптето може да е длабоко и отворено или поплитко и затворено, најчесто со калено стакло.

Оние на плин се секако, модерна верзија на оние на дрво, па најчесто и имаат верни копии на изгорено дрво, изработени од негорив материјал, низ кое се пушта плинот, за целосно да ја заокружи илузијата на природен камин на дрво.

Овие два типа на камин развиваат високи температури, па ако доволно добро се испланираат, можат да бидет главен систем за загревање и на повеќекатни куќи (преку систем на водење на топлиот воздух.

Камините на етанол се најмодерната варијанта. Толку лесни и тенки, што делуваат како модерна слика во ентериерите или дури и поставуваат како масички во дневните соби. Ова се и единствените камини за кои не е потребен оџак за изнесување на согорените гасови.

Каков и да испланирате, користењето на камин во домовите е голем додаток во животниот комфор.

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: