Banner 05 Top

Конструкции

Изборот на конструкција, скоро по правило е компромис помеѓу дизајнот на архитектот и барањата на просторот, т.е. планираните распони и димензиите на конструктивните елементи.

  • “Владетел” во регионов е секако армираниот бетон. Економично решение со проверен и докажан квалитет. Дополнително, на носечкиот систем (темели, столбови и греди), во армиран бетон се изливаат меѓукатните конструкции, па често и кровната конструкција (коса или рамна плоча). Траен систем, релативно отпорен на пожар, со доста фирми кои квалитетно го изведуваат.

  • Втора технологија на конструкција, секако, е модерната челична конструкција. Лесна и брза градба, со намалена маса и зголемени можности. Во зависност од цената на челикот на берза и типот на профили во проектот, некогаш и нема (или е многу мала) разлика во цената помеѓу оваа современа градба и традиционалната армирано-бетонска конструкција. Популарноста на овој начин на градба е во раст, поради брзината на градба.

  • Дрвените конструкции сеуште се синоним на монтажната градба, во изведба на бараки или готови куќи (fertighaus). Во Македонија ретко се употребува, поради реалниот недостаток на сертифицирано дрво за ваква употреба, а и поради усталеното мислење дека дрвената конструкција е за монтажни куќи, кои сосема погрешно се сметаат за куќи со пониска вредност (во светот, готовите куќи се најскап тип на објекти, со сертифицирани изолациски вредности, гаранции и одржливост). Својствата кај оваа конструкција се ограничени поради органските својства на дрвото и потребата од одржување.

 

Имајќи го сето ова во предвид, не можеме директно да препорачаме тип на технологија најсоодветен на Вашиот нов дом. Посоветувајте се со Вашиот архитект и неговиот тим (градежниот инженер одговорен за статиката на објектот), анализирајте ги можностите и ограничувањата на сите овие технологии и размислувајте отворено. Во вашата нова куќа, сé можете да промените при следното темелно реновирање, освен конструкцијата! 🙂

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: