Кровни прозори
Поткровјето секогаш е најромантичниот дел од домовите. Интимен простор, кој за жал често останува запоставен, темен и некорисен дел од домот. Не го правете тоа.
Изолирајте го термички и звучно, осветлете го и оставете во него да се равзива семејниот живот.
Кога зборуваме за кровни прозори, мораме да размислуваме само во еден правец, а тоа е системско производство и вградување на прозорот, кој најчесто е составен од повеќе делови.
Современите прозори се секако повеќеслојни стакло-пакети, носени од рамка со термички прекини и дрво отпорно на сите атмосфералии на кои е изложен кровот, посебно во географија како македонската.
Moжни начини на отворање се:
- Долно отворање, кога сакате прозорот да го поставуте на поголема висина, а сепак да ви е достапен за маневрирање или
- Горно отворање, кога сакате под него да поставите мебел и да искористите повеќе простор, без да се истегнувате за да отворите
Дополнително, модерното живеење бара се повеќе комфор и практичност, па така новите системи на кровни прозори доаѓаат со далечински управувачи за отворање и затворање, па дури и посебни отвори во рамките низ кои контролирано влегува чист и неупотребен воздух однадвор.
, Рамки за вентилација на поткровниот простор
Управување со кровниот прозор е возможно и преку вашиот “смарт” мобилен телефон со “VELUX ACTIVE” пакетот.
По анализата на достапните информации за повеќе технологии на кровни прозори, Градам.МК ви препорачува употреба на Велукс системите, поради:
- Целосен систем на прозор (хидро и термоизолациски рамки, опшивки и заптивања)
- Обучен кадар за вградување
- Широка палета на модели и опции
- Гаранции и атести за системите
- Техничка помош при избор на модели
За повеќе информации, ова е линкот од страната на производителот.