Кровови
Кровниот покривач е можеби најизложениот елемент на објектот на атмосферски влијанија. Живееме во географски предел каде куќите не ни се поштедени од ниту една атмосферска појава:
- силно сонце со висок UV фактор (летно време и до фактор 10)
- дождови
- снег
- град
- ветер
Ова набројување само ја подржува идејата за важноста на кровниот покривач. Секако важна е и кровната конструкција, но имајќи во предвид дека сите објекти во Македонија се подложени (во проект) на проверк ана статиката во ИЗИИС (Институт за земјотресно инженерство и сеизмика), само ќе спомнеме дека кровот најчесто се носи на:
- дрвена конструкција
- челична конструкција
- армирано-бетонска конструкција (рамни и зелени кровови)
Согласно се набројано, најчест кров во регионов (кој го поминал тестот на времето) е повеќеводниот кров со ќерамиди.
Во планинските региони на Македонија се сретнуваат и стрмните кровови, покриени со салонит (веќе забранет во МК заради присуство на азбест) или слични панели. Овој облик и покривач секако го диктира снегот, кој често и долго е присутен на планините. Доколку планирате викендичка на планина, ова секако е препорачаниот кров.
Да се вратиме во градовите. Таму се почесто се сретнуваат и ткн. “зелени кровови”, т.е. кровни градини, изведени на идроизолиран кров, во кој секако е решена и термичката изолација.
Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446