Banner 01 Top

КСиНТИ (контактна фасада)

Контактната фасада е обврзен елемент на една куќа. И поради правилникот на Македонија за Енергетски карактеристики на објекти, но и поради логичната желба за ниски сметки за греење и лагење.

Контактна фасада или КСиНТИ (Контактен Систем за Надворешна Термо Изолација) е композитен систем составен од лепак, изолациски материјал и надворешна обработка. Целосно ги покрива и изолира сите конструктивни елементи на куќата и формира заштитна, изолациска обвивка, која, кога е изведена како што треба (детали и изведба), создава услови енергијата вложена во ладење или греење на објектот да остане во објектот, наместо преку неизолирани елементи да избега надвор.

Спомнавме дека контактната фасада е композитен систем, што значи дека мора да има соодветни документи кои сведочат за квалитетот, а со тоа и за трајноста на системот. Сепак, куќите се прават да траат.

 

Основни елементи на КСиНТИ фасадите се:

  • Основен премаз, подлога (соодветен на основата, пр. бетон, блок, гипс…)
  • Лепак (соодветен на подлогата и изолацискиот материјал)
  • Изолациски материјал (ЕПС, камена волна, дрвена волна, полиуретан…)
  • Прицврсни елементи (типли)
  • Завршен слој (пак соодветен на изолацискиот материјал)
  • Арматурна мрежа (втисната во завршниот слој)
  • Декоративен слој (во боја и текстура по избор на инвеститорот)

 

Сите елементи, комбинирани во точни количини и со точна изведба, се носители на ткн. ЕТА-сертификат (European Technical Assesment) за системска употреба во Европа.

 

Сепак, најважен елемент на фасадниот систем е изолацискиот слој. Најчести материјали во Македонија се полистиренот (попознат како стиропор) и камената волна.

Полистиренот е полимер на органска основа, кој претрпува процес на експандирање при производството и постигнува одлични термоизолациски својства. Најчести густини се помеѓу 17 и 30kg/m³.

Камената волна е изолациски материјал произведен од кварцен песок, кој под дејство на високи температури и струење на воздух создава минерални влакна, кои по дополнително пресување создаваат плочи од камена волна со различни дебелини, густини и својства. Најчести густини се помеѓу 30 (за ѕидови и тавани) и 200kg/m³ (за проодни кровови и специјални намени).

Фасадните системи се дел од куќите кои се најизложени на стрес. Стрес од влага, вода, UV и IR светлина, циклуси на мрзнење и отпуштање, механички удари, ветер…

Колку што е важен квалитетот и безбедноста на маттеријалите, исто толку е важна работната рака, т.е. искуството и знаењето на вградувачот. Секој систем си доаѓа со соодветни детали на изведба, кои правилно изведени даваат системска гаранција на изведениот КСиНТИ.

 

Искусно, според анализите и поради следниве предности:

  • ЕТА сертификат
  • Системски елементи
  • Природна паридифузност на системот
  • Висока противпожарност на системот
  • Висока димензионална стабилност
  • Одлична звучна изолација
  • Лиценцирани изведувачи

Градам.МК го препорачува системот Кнауф ADDI, со изолација од камена волна. Системот е составен од камената волна KR FAS на Knauf Insulation и останатите елементи на Knauf.

 

Линкови до системите:

www.addi.mk

www.knaufinsulation.rs

 

Сподели на социјалните медиуми: