Banner 01 Top

Кујни

Кујната се смета за срцето на домот. Тука покрај користењето на истата за готвење, доколку е правилно испланирана и изработена, истата може да се користи и како место за социјализација.

Кујната, како еден од најкористените елементи подлежи на поголема амортизација во однос на останатите парчиња мебел во домот. Затоа треба да избереме материјали кои се воедно квалитетни, долготрајни, но притоа да не заборавиме дека дизајнерски истата треба да претставува детал сама по себе.

Постојат многу различни материјали од кои што можеме да искомпонираме една кујна. Почнувајќи од материјалот за вратички (оплеменета иверка, MDF и сл.), работна површина (оплеменета иверка, мермер, гранит и сл.), рачки за вратички, механизми за отварање кои сите заедно треба да го дадат финалниот производ.

Дизајнот исто така е нешто кое што игра голема улога при изборот на материјалите, боите и сите останати елементи. Она што ние можеме да го понудиме како совет е секогаш кујната да биде максимално испланирана и искористена, и да не штедите на механизми и материјали, затоа што ова парче мебел е нешто кое што ретко се заменува и најчесто треба да издржи најдолг временски период со претрпени најмалку промени и интервенции.

 

Тимот на Градам.МК ви го препорачува поширокото семејство на брендови Natuzzi и Кристина Дамил поради:

  • широкиот асортиман на брендови и модели
  • голем лагер на модели
  • помош од инженер архитект при избор
  • повеќе салони низ Скопје

Сите модели можете да ги погледнете во салоните на КРИСТИНА ДАМИЛ и NATUZZI во Скопје:

Салон Ѓорче Петров

Ул. Ѓорче Петров 117б

1000, Скопје, Македонија

Телефон: ++389 2 2050755
Факс: ++389 2 2050788

 

Салон Усје

бул. Борис Трајковски бб
1000 Скопје, Македонија

Телефон: ++389 2 2401250
Факс: ++389 2 2401250

 

Natuzzi Editions – Скопје
Ѓорче Петров 146
1000 Скопје

Тел: 070 302-310
Тел: 071 258-153

Е-пошта:
info@natuzzi.com.mk
mihail@natuzzi.com.mk

Поврзете се со Кристина Дамил и Natuzzi на социјалните мрежи и следете ги најновите модели, акции и попусти:

Facebook

Instagram

Или пак посетете ги следните веб страни каде што се наоѓаат сите информации потребни за избор на соодветното парче мебел за вас:

https://kristinadamil.com.mk/ и http://natuzzieditions.mk/

 

Сподели на социјалните медиуми: