Banner 03 Top

Квалитет на вода

Сите знаеме колку водата е битна како за нас луѓето, така и за домашните апарати (бела техника) кои што функционираат со некаква употреба на вода. Заради тоа битно е и водата која што ја користиме за пиење, но и санитарната вода да биде третирана, односно прочистена преку некој од системите за прочисување кои се нудат на пазарот.

Прочистувањето на водата е битно и значајно по неколку основи:

  • заштита на здравјето на луѓето
  • заштита на батериите за вода и туш системите
  • заштита на машините за перење алишта и садови
  • заштита на водоводната инсталација
  • заштита на техничките машини во производствените процеси
  • заштита на медицинската опрема
  • заштита на животната средина

Нас ни е потребна многу чиста вода за пиење и готвење. Батериите за вода и тушевите многу лесно можат да се оштетат или да се запушат доколку во водата има нечистотии како камчиња, песок, р`ѓа, наталожен бигор. Машините за перење алишта и садови се многу комплесни и бараат многу чиста вода во спротивно може да се појават дефекти или да не функционираат правилно. Водоводната инсталација мора да биде заштитена со соодветни филтри за нечистотии и бигор како би се спречило таложење во внатершноста на цевките. Доколку на техничките машини во процесот на проиводство не им се испорачува чиста вода, несомнено е појавата на дефекти кои ќе го чинат многу самиот процес на производство.

Истото важи и за медицинската опрема.
Дополнително, покрај прочистувањето на водата од механички нечистотии, битно и значајно е прочистувањето на водата од профилактични бактерии и прочистувањето (одстранувањето) на големите депозити на Калциум и Магнезиум.
Прочистителните станици односно филтрите без разлика дали се за нечистотии, бактерии или бигор треба да се добро испланираат и потоа соодветно да се инсталираат.

За секаков вид на прочистувачи, дезинфикатори на вода, стабилизатори на pH вредноста како и UV стерилизатори за вода Ви ја препорачуваме германската компанија JUDO чии производи може да ги најдете во салоните на ШАТЕ во Скопје и Битола.

Ова е линк до официјалната веб страна на ШАТЕ Ќерамика.

 

Сподели на социјалните медиуми: