Banner 04 Top

Ламинат

Ламинатот е материјал во кој состав влегува средишниот слој составен од 80% дрво и површински слој кој претставува декоративен слој и во голема улога допринесува за квалитет и изглед.

Предностите на ламинатот се многубројни:

  • Економичен под
  • Лесен за одржување
  • Релативно ефтин за разлика од трослоен паркет и масивен паркет
  • Иновативност при техника на штампање, голем избор на дезени како што се налик на дрво, бетон, камен, оборени ивици 4V, површински ефект (мат, сјај, полусјај…)
  • Лесна и брза инсталација

За монтажа на ламинат потребно е рамна, чиста, сува и цврста подлога.

Ламинатот е составен од четири слоеви:

  • Горен, површински слој кој обезбедува трајност и отпорност од дамки, удар, гребнатини.
  • Принтен декоративен слој, кој дава конечен изглед и пружи неограничени можности при креирање на дезен.
  • Благодарение на третиот, носечки слој кој е составен од густ медијапан, ламинатот ја добива потребната цврстина и густина.
  • Последен, балансирачки слој чија улога е да ги заштити останатите слоеви од влага.

Монтажа на ламинат преку подно греење

Ламинатните подови на Tarkett се погодни за вградување преку систем на подно греење под услов грејниот елемент да биде вграден во бетонска кошулица или друга соодветна подлога со додатна изолација.
Препорачуваме секогаш при поставување ламинат да одите со висока класа 33/AC5 и со 4V фуга што е гаранција за соодветен под при присуство на подно греење.
Температурата при поставен ламинат врз подно греење не смее да надмине 28 °C.

Цврст систем на заклучување спречува да се собира прашина помеѓу фугата на ламинатот.
Дополнително ламинатните подови на Tarkett се заштитени површински со премаз кој е отпрен на дамки, течности, микро гребнатини, течности кој спречува развој на бактерии.
Редовното усисување и чистење е се што е потребно при одржување на овој вид под.

Градам.МК, ви препорачува употреба на “Tarkett”, “Krono original” и “Kaindl” ламинатните подови, секогаш достапни во продажните салони на “Лав Комерц”.

За повеќе информации, ова е линкот од страната на трговецот.

Сподели на социјалните медиуми: