Banner 03 Top

Внатрешно осветлување

Осветлувањето во домот е една од најбитните ставки на кои што особено треба да посветиме внимание. Од типот на осветлувањето употребено во домот во голема мера зависи како корисниците на тој простор ќе се чувствуваат. Битно е домот да биде доволно осветлен како не би се чувствувала тмурна атмосфера, но сепак добро е да има и опција осветлувањето да го доведеме до амбиентална јачина по потреба.

Иако до пред неколку години одреден период на пазарот доминираа таканаречените “штедливи светилки”, сепак истите не се докажаа на пазарот кај корисниците како најдобро решение за замена на класичните светилки, за потоа да се појави “LED” технологијата.

Класична “LED” светилка

 

Модерните технологии ни го донесоа “LED” осветлувањето како најсовремена техника за вештачко светло во просторот. Денеска се повеќе се користи оваа технологија заради предностите кои ги нуди:

  • заштеда на електрична енергија
  • подолг животен век на сијалиците
  • подобра светлина за човечкото око
  • избор на многу комбинации од јачина и тип на светлина
  • нема штетни последици по човечкиот организам

При изборот на “LED” осветлување треба да знаеме неколку параметри според кои овој тип на светилки се нудат на пазарот а тоа се:

  • “Температура или боја” која што се изразува во “Kelvin” или “K”
  • Јачина која што се изразува во “W” – вати
  • Лумен “lm”, што всушност ја претставува количината на видлива светлина која што произлегува од светилката

Приказ на скала во Келвини

“LED” светилките можат да се најдат во многу различни облици и форми заради нивната флексибилност и начин на изработка.

Можеби покрај јачината (W) секако најбитен параметар се Келвините, затоа што според нив се одредува температурата на светлината која што ја емитува светилката. Наша препорака за домашни услови е употреба на “LED” светилки со топла бела температура од околу 3000К. Сепак типот и финалниот избор на светилката најмногу зависи од крајните корисници па ова не мора да значи дека секогаш е правилен избор.

Сподели на социјалните медиуми: