Banner 03 Top

Лепење и фугирање

Поставувањето на плочките представува еден целосен систем кој навидум изгледа многу едноставен, но всушност е доста комплексен и опфаќа неколку фази.

  • Најпрво потребно е многу добро да се анализира површината на која треба да се лепат плочките. Анализата представува утврдување на видот на површината, бидејќи не сите површини можат да бидат компатибилни со соодветниот лепак за плочки (на пример, површини од гипс картон, гипсани кошулки, готови малтери за ѕид, површини прекриени со глет маса, полоколор итн). Ваквите површини задолжително е да се приготват за лепак со соодветни подлоги (премази) во зависност дали се абсорбирачки или неабсорбирачки. Покрај тоа површината треба да е здрава со соодветна цврстина и механичка сила како би можела да го понесе товарот од плочките (особено значајно за ѕидните плочки).

  • Потоа доаѓа фазата за лепакот, односно изборот на соодветен лепак за намената, поточно видот на плочките. Ќе напоменеме дека постојат различни типови на лепаци за плочки, за керамички плочки, за грес плочки, брзосушечки лепак, лепак за подно греење, за базени итн.

  • По лепењето на плочките останува фазата на фугирање, потребно е исто така да се одбере соодветна фуга во зависност од намената и функцијата. Дали тоа ќе биде само декоративна фуга, водоотпорна, антибактериска и сл.

  • На крај потребно е плочките соодветно да се исчистат како би го добиле првобитниот изглед. Доколку е потребно, Ви препорачуваме да употребите и соодветни средства за чистење.

Тимот на Градам.МК Ви препорачува да се избере соодветен систем за лепење на плочките. Наша препорака е да ги посетите салоните на ШАТЕ каде ќе може да добиете сите стручни совети за соодветните системи за лепење плочки.  Ова е врска до страната на Шате Керамика.

Во нивната понуда е комплетниот систем на грчката компанија NOVAMIX.

Сподели на социјалните медиуми: