Banner 03 Top

Лифтови

Кога градиме куќа во зависност од просторот/плацот кој што го имаме на располагање имаме на располагање неколку типови на паркирање на возилата.

  • Паркирање во двор/определено отворено или затворено место за паркинг
  • Паркирање во подрумските простории на куќата

За да имаме максимален комфор, идеално е возилото да се паркира во затворен паркинг, било да е во двор или во подрум.

Пристапот до подрумските простории за паркинг може да е овозможен на неколку начини:

  • Пристап со рампа
  • Пристап со лифт

Во оваа тема ќе се задржиме на лифтовите како опција за пристап до подрумот кој што заштедува највеќе простор. Заедно со архитектот кој што ви ја проектира куќата, размислете дали ова е опција за вас, затоа што добивате повеќе дворно место за користење, но сепак не треба да се занемари ни инвестицијата за монтажа на лифт за возила.

Лифтот се поставува во склоп на објектот, кон кој што најчесто се пристапува преку автоматизирана врата. Вратата може да е на сензор или пак активирана со далечински управувач. По влез со возилото, постојат неколку начини на активација на лифтот. Со притискање на копче кое што се наоѓа веднаш до позицијата на возачот или повторно на далечински управувач. По пристигнување на посакуваното подземно ниво, со возилото пристапуваме кон паркин местото. За излегување од подземниот паркинг се повторуваат истите чекори по обратен редослед.

Доколку постои можност, можно е да се вгради т.н. невидлив лифт за возила кој што можете да го погледнете на следното видео:

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: