Banner 01 Top

LVT Винилни подови

Што претставува LVT под?

LVT подови (luxury vinyl tiles) се гумени плочи кои се идеални за примена во комерцијални простори каде има големо движење како на пример хотели, кафулиња, ресторани, бутици, канцеларии, но можат да се постават и во секоја просторија од домот.

LVT подовите се одликуваат со високи перформанси, врвен дизајн и голем избор на дезени од најновите дизајнерски трендови во светската индустрија на подови.

 

Кои се предностите на LVT подовите во споредба со останатите?

LVT е категорија на под со најбрз раст на тренд во светот. Tarkett и Berry Alloc LVT подови со својата иновативност може да одговорaт на сите потреби на пазарот во доменот на ентериерно уредување.

Предности на Tarkett LVT подовите:

  • Огромен избор на дезени (камен, дрво, текстил, метал, бетон…)
  • Лесна и едноставна инсталација
  • Модуларност, достапен во форми на даски, плочи, и облик на неправилни агли. LVТ Ви нуди потполна слобода на дизајн при комбинација на различни дезени.
  • Акустичен под
  • Екстремно издржлив, погоден за висока фрекфентност
  • 100% Водоотпорен
  • Лесен за одржување благодарение на површинската заштита
  • Безбеден за животната средина
  • Можност за вградување врз подно греење

Предности на Berry Alloc LVT подови:

  • Единствен патентиран клик систем Dreamclick од сите четири страни
  • Лесна и едноставна инсталација (можат да се стават и вадат до 30 пати)
  • Потполна слобода на дизајн при комбинација на различни дезени.
  • 100% се рециклира
  • 30% полесен од другите LVT подови
  • 50% потивок од другите LVT подови
  • Не се лизга
  • Најиздржлив LVT под на пазарот, погоден за места со висока фрекфентност
  • 100% Водоотпорен
  • Безбеден за животната средина
  • Можност за вградување врз подно греење

 

Како се монтираат LVT подовите?

Tarkett LVT може да се монтира на 3 начини:

  • Лепење (препорачано за простории со голема фрекфентност
  • Клик систем (инсталација без употреба на лепак)
  • Loose-lay инсталација (инсталација без лепак и без клик систем)

Berry Alloc LVT може да се монтира на 2 начина:

  • Клик систем (инсталација без употреба на лепак)
  • Клик систем и лепење (препорачано за простории со голема влажност)

Дополнителни информации за луксузните винилни плочи:

  • LVT подови како за монтажа така и за демонтажа се многу лесни, а постоечката подлога нема да биде оштетена.
    Откако ќе се постави тој веднаш може да се користи.
  • Важно е при монтажа на LVT подови веќе постоечкиот под да биде рамен и сув како би се монтирал совршено .
  • Важно е за инсталација на LVT под да барате сертифицирани подополагачи.

Градам.МК, ви препорачува употреба на “Tarkett LVT” и “Berry Alloc” винилните подови, кои можат да се најдат во продажните салони на “Лав Комерц”, каде можат да се добијат и препораки на сертифицирани сисмемски полагачи на LVT подовите.

За повеќе информации, ова е линкот од страната на трговецот.

Сподели на социјалните медиуми: