Banner 05 Top

Малтерисување

Иако малтерисувањето навидум изгледа како една банална ставка во градењето куќа, вистинската слика за неговата важност ја добиваме ако помислиме дека малтерисаните површини, во просечен дом, покриваат повеќе од 70% од површините кои не опкружуваат. Површини кои секојдневно ги допираме, на кои се потпираме, кои се изложени на оштетување…

Какви својства треба да имаат овие површини?

  • да се рамни
  • да се отпорни на оштетување
  • да се направени од здрав материјал
  • да се тенкослојни (да не одземаат многу простор)
  • да имаат висока пародифозност (да пропуштаат влага)
  • да не се штетни по ниту еден параметар на комфорот во домот (VOC, pH-вредност, да не содржжат штетни материи)

 

Во пракса, во Македонија се користат неколку типа на малтери.

Тука се цементните малтери. Базирани на портланд-цемент и песок, измешани и нанесени рачно во слоеви од 1,5-2,5cm, сеуште се користат во станоградбата, посебно во малтерисувањето на влажните простории (бањи, тоалети, итн).

Релативна новина во Македонија се гипсените малтери. Најчесто се користат машински гипсени малтери, што особено позитивно влијае на брзината на изведбата.

Имајќи ги во предвид сите параметри на квалитет, Градам.МК го препорачува машинскиот гипсен глет-малтер, Кнауф MP75L, поради:

докажана здравствена беспрекорност (атести и извештаи од тестирање)

оптимални дебелини на слој (5-50mm, за покривање на оптимална, па и погрубо изведена ѕидарија)

минимално собирање при сушење и максимална отпорност на пукање

целосна пародифузијам, за секогаш оптимален воздух во домот (најголема предност на гипсот како материјал)

висока термичка изолација (како за малтер)

висока отпорност на гребење и оштетување

брзина на нанесување и обработка

Линк до официјалната страна на материјалот и производителот.

Сподели на социјалните медиуми: