Banner 02 Top

Молерисување/боење

По малтерисувањето и глетувањето на ѕидните и плафонските површини, следи финалната обработка која што всушност е и видливиот дел на ѕидовите и плафоните.

Завршната обработка на ѕидовите и плафоните најчесто се извршува со молерисување на површината. Боењето на одреден простор може многу да допринесе за естетиката, како и чувството кое што тој простор го буди кај корисниците на истиот.

Постојат различни типови на бои за ентериер, меѓутоа во моментот најкористени се бои врз основа на водена дисперзија од полимерни врзива.

Најновите производи за боење на ентериери се карактеризираат со минимални количини на лесно растворливи органски супстанци и не содржат тешки метали.

Секогаш пред купување на боја за молерисување на одреден простор битно е да ја дознаете покривната моќ на бојата, како и својствата на бојата, дали е перива, отпорна на алги, антиалергенска како и останати карактеристики кои можат многу да допринесат при понатамошното користење на просторот.

Секогаш е битно подлогата која што ќе се молерисува да биде сува и чиста, без слабо врзани делови, прашина, остатоци од масла, мрсни дамки и други нечистотии.

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: