Banner 01 Top

Надворешно осветлување

Кога станува збор за осветлување на домот не смееме да не го споменеме надворешното осветлување.

Истото може многу да допринесе за тоа како го доживуваме самиот објект кога ќе го погледнеме од надвор, но може исто така да допринесе за безбедноста на објектот.

Кога станува збор за безбедност, постојат надворешни светилки кои функционираат со помош на сензор за движење, па се вклучуваат кога некој ќе се приближи на одредено растојание пред светилката. Овој тип на светилки исто така може доста да заштеди на електрична енергија, со тоа што се вклучува само по потреба.

Под надворешно осветлување се подрзабира осветлувањето на објектот, односно фасадата на објектот како и осветлувањето на партерот (двор, зеленило, ограда и слично)

Кога избираме осветлување за во двор, секако е битно истото да биде што е можно поотпорно на надворешни атмосферски влијанија (сонце, вода, студ, топлина, мраз, снег и слично).

Исто така типот на светилка може да варира од локацијата на светлечкото тело, како и намената, но со најновата “LED” технологија сметаме дека сите останати типови на светилки може да ги занемариме.

Предностите кои ги нуди “LED” технологијата се:

  • заштеда на електрична енергија
  • подолг животен век на сијалиците
  • подобра светлина за човечкото око
  • избор на многу комбинации од јачина и тип на светлина
  • нема штетни последици по човечкиот организам

Со тоа што животниот век на светилките е зголемен со употребата на “LED” технологијата, истите имаат помали потреби од одржување, а секако кога светилките се поставени во двор или на фасада, самата промена на една светилка ќе ни одземе повеќе време, а особено доколку се работи за фасадно осветлување поставено на тешко достапна локација.

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

 

Сподели на социјалните медиуми: