Banner 01 Top

Обновливи извори

Бидејќи сонцето представува неограничен извор на енергија, соларно-термалната технологија (сончеви колектори) ја конвертираат таа енергија во топлинска која потоа може да се користи за различни намени, најмногу за топла санитарна вода како и за топла вода за загревање на простори.

Тоа би значело дека соларен систем со сончеви колектори од 4 до 6м2 би ги задоволило потребите на четиричлено семејство за топла санитарна вода, а тоа е заштеда од просечни 25% од потребите за електрична енергија.
Инвестирањето во соларен систем е особено значајно и интересно, бидејќи сонцето го имаме преку целата година, бесплатно е и не предизвикува загадување на животбата средина, нема емисија на СО2, представува сигурен извор на енергија кој е независен, овозможува заштеда на парични средства и секако можеби и најзначајно овозможува комфорно живеење.
Правилното димензионирање на соларниот систем пред се зависи од потребите на инвеститорот, квалитетот и карактеристиките на компонентите (соларен панел, пумпна станица, експанзионен сад, бојлер-резервоар и секако квалитетна изведба на инсталацијата).
Значајно да нагласиме дека сончевите панели треба да бидат со Harp технологија за поголема ефикасност и поголема термо кондукција (абсорбција), додека резервоарот односно бојлерот би требало да е со што е можно повисока енергетска класа.


Соларните системи може да бидат само за топла санитарна вода, со испомош за загревање на вода која би се употребувала за загревање на простории, базени итн.

Тимот на Градам.МК врз основа на искуството сублимирано од инвеститорите, крајните потрошувачи и архитектите Ви го препорачува следниот бренд од Германско потекло:

  • Thermic Energy кој ексклузивно може да го погледнете и запознаете во салоните на ШАТЕ.

Ова е линк до официјалната веб страна на ШАТЕ Керамика.

Сподели на социјалните медиуми: