Banner 04 Top

Огради

Оградата како елемент кој го заокружува просторот кој го имаме на располагање за живеење покрај основната функција (заштита и безбедност) исто така е и првиот елемент кој го забележуваме пред да пристапиме на еден објект за домување.

Оградата може да биде изработена од најразлични материјали, а финалниот дизајн и изглед зависи само од имагинацијата на инвеститорот или пак на архитектот/дизајнерот.

Најчесто користени материјали при изработка на огради се:

  • метал (железо, челик, алуминиум)
  • дрво
  • растенија (“жива ограда”)
  • бетон
  • ѕидана ограда од најразличен тип на тули (бетонски, ќерамички и слични материјали)

Доколку е предвидено паркирање на возила во склоп на дворот на куќата, битен елемент е и вратата за пристап до паркинг местото.

Постојат два типа на врати во склоп на оградата за пристап на возила:

  • Лизгачки врати кои што можат да бидат мануелни или автоматизирани
  • класични врати со крилно отварање кои исто така може да бидат мануелни или автоматизирани

Кога се користат лизгачки врати важно е да се напомене дека се добива на простор со тоа што просторот потребен за отварање на класична врата со крило се елиминира.

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: