Осигурување на дом
Модерниот живот не можжеме да си го замислиме без десетици електронски уреди. Бела техника во големи количини во кујните и тоалетите. Електроника во дневните соби и спалните, а приклучоци за струја на секој метар е целосно нормална слика во модерните домови.
Водените инсталации пак, се дел од секој систем за ладење и греење, вентилација, па дури и филтрирање на воздухот.
Сите овие инсталации, од друга страна, претставуваат ризик за хаварија, поплава, пожар…
Тотално уништување на дом од пожар
Цената на премијата за осигурувањето на домаќинството е ставка која е немерливо помала од можната штета која може да се случи, а дополнителен ризик се сите елементи кои ги внесуваме во домот. Дрвениот мебел, завеси, текстилните тапацири, душеци… Конечно, цената зависи од:
- Површината која се осигурува
- Вредноста на објектот и покуќнината
- Нивото на осигурување кое се бара
- Безбедноста на градбата, инсталациите и системите за ладење/греење
Типична штета од поплава во домот
Побарајте понуда од локалната агенција за осигурување и создадете трајна вредност од вашата недвижнина.
Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446