Banner 05 Top

Паркет

Дрвото е природен материјал, секое парче се разликува од друго по текстура и боја, така е невозможно да се најдат два идентични дезена, впрочем во тоа е убавината кај паркетот бидејќи со текот на времето од надворешните влијанија тој добива карактер кој се повеќе се изразува. Тоа е природен процес кој е невозможно да се избегне.

Идеални услови за монтажа на класичен паркет се:

  • Температура 20 ± 4°C
  • Релативна влага во просторија 45-60%
  • Влага во кошулицата треба да изнесува max 2%

Идеално после поставување на паркет е да не се поставува мебел, теписи, теписони и слично како би можело еднаква оксидација на дрвото за еднолична промено на боја.
Препорачуваме секое парче мебел да биде заштитен со подлошки за да не се оштети површинскиот слој на паркетот.

За разлика од трослојните паркети на Tarkett, масивните паркети како што е Chevron (прикажан на фотографиите) доаѓа необработен и откако ќе се постави мора да се третира со завршен лак за да се заштити површинскиот слој.

 

Затоа што овој тип на материјал се поставува исклучиво со лепење за подлогата  треба да се посвети особено внимание на тоа каков лепак ќе се користи. Малкумина производители располагаат со лаборатории како онаа на Chimiver која гарантира за хемискиот и физичкиот состав за секој производ.

Константното тестирање на суровините пред и после производствениот циклус имаат за цел да ја загарантираат сигурноста на овие производи. Chimiver е фокусиран на потребите на потрошувачот и обраќа посебно внимание за тоа што се користи во домашни услови при поставување на паркет и останати дрвени подови.

Производителот Chimiver нуди прајмери на водена база кои не испаруват или испуштат штетни хемикалии во воздухот кои се наменети против прашина во кошулица и подобра врска со лепакот.
Соодветни лакови, бои, лепаци и прајмери погодни за подно греење со брзо врзувачко својство, завршни лакови со 60%, 75% и 95% висок сјај…

По анализата на достапните информации за класичен паркет, Градам.МК ви препорачува употреба на “Chevron” класичен паркет, во комбинација со “Chimiver” производи за лепење, лакирање, боење кои што може да се најдат во продажните салони на “Лав Комерц”.

За повеќе информации, ова е линкот од страната на трговецот.

Сподели на социјалните медиуми: