Banner 02 Top

Плочки

Кај поплочувањето, како и кај другите категории кои носат уникатна естетика, не можеме да Ви се мешаме во изборот. Можете да изберете помеѓу стотици формати, бои, нијанси и текстури од плочки од различни материјали. Керамика, порцелан, грес-порзелан, природен камен…

Можеме да ви укажеме на моменталните трендови во поплочувањето, а и да укажеме на важноста од технологијата за лепење.

Последниве години се популарни природни нијанси на сиров и декоративе камен, како и традиционално популарните лука-нијанси на порцелан и керамика, мермерни нијанси и сл.

Форматот, димензиите на плочките зависат пред се од дименаиитз на бањата/тоалетот. Секако дека не личи во тоалет со ширина од 150см и должина од 200цм да поставите плочки со формат 100/30см, иако со новиот дизајн и трендови на плочки, веќе и ова не е важно правило. Денес, во тренд е поставување на плочка со димензија колку цел ѕид (фабрички спремни плочки или стакла).

Секогаш успешна комбинација се еднобојни плочки со груби текстурирани површини од друг тип на плочка, а актуален тренд е внесување на имитации на дрвени подови во прстраните бањи.

Естетиката на страна, би ја отвориле темата на трајно и фистемско лепење на плочките. Модерното градежништво употребува различни класи на цементни лепаци за различна употреба.

  • Директно лепење на сиров ѕид
  • Плочка врз плоча
  • Лепење на совршено мазни и невпивливи површини (стакло, метал…) итн.

Затоа ќе ви пласираме два типа на лепило, најкористени во бањите:

  • C1Te (C=цементно лепило, 1= прва (пониска) категорија на флексибилност, Т=без вертикално смолкнување прилепење на плочките и е=подолго отворено време за корекции при лепење). Ова е лепило кое се користи за лепење на сиров ѕид и на плочки со стандардни формати
  • С2Те (C=цементно лепило, 2= втора (повисока) категорија на флексибилност, Т=без вертикално смолкнување прилепење на плочките и е=подолго отворено време за корекции при лепење). Ова е категорија на лепак за лепење плочка-врз-плочка и за лепење на позиции каде се случуваат повисоки или пониски температури (камини, подно греење, надворешна средина…)

Постојат и попвисоки категории, за специјална намена, која ќе ја спомнеме во друга прилика.

Слични класи на отпорност и примена се сретнуваат и кај фугите, но за да не ве оптоваруваме со непотребни информации ќе напоменеме дека секогаш е потребно, кај добавувачот на плочките да побарате соодветен систем за лепење (хидроизилација, лепак и фуга). За таа цел постојат цементни фуги, фуги појачани со порцелански адитиви и специјални фуги.

Според искуството и анализите на Градам.МК, препорачани системи за лепење на сите типови на плочки (согласно советувањето) се системите на производителот Novamix, т.е. лепаците Novakol (од двете достапни класи кои ги спомнавме) со Novakol и Novakol Glass фугите, за целосно и трајно затворање на поплочувањето. Ова е врска до страната на производителот.

Огромен избор на плочки од сите технологии и стилови, како и системите за лепење, се секогаш достапни Шате Керамика, каде тимот на Шате Керамика е секогаш спремен за помош и советување при избор. Ова е врска до страната на Шате Керамика.

Сподели на социјалните медиуми: