Banner 03 Top

Подно греење

Несомнено еден од најдобрите системи за загревање на простории представува подното греење.

 

Подното греење може да биде електрично и топловодно. Од особено значење е топловодното, бидејќи е супер економично, бара многу пониска температура на водата (40 степени), а во истиот момент ефектот на загревање е повеќе од одличен. Топлината се дистрибуира преку целата подна поврчина со што се креира оптимална амбиентална температура (околѕ 22-24 степени). Токму поради високото ниво на зрачење (радијација) во споредба со останатите системи за загревање, се постигнува оптимално ниво на комфорт дури и во просториите каде се бара пониска собна температура.

Тоа овозможува значителна заштеда на енергија.

Главните предности и придобивки од подното греење се:

  • мала инвестиција и мали оперативни трошоци
  • висок степен на комфор
  • овозможува едноличен дизајн, бидејќи нема дополнителни радијатори, фенкојлери
  • користи ниска температура (многу ефикасно со употреба на обновливи извори на енергија)

Системот за загревање со подно греење обезбедува комфор, енергетска ефикасност и економија во едно.

Секако за изведба на ваков систем ќе бидат потребни исклучително квалитетни компоненти, почнувајќи од соодветна подлога, црево, врзувачки и собирачки елементи и нормално висококвалификуван инсталатер (дополнително во друга тема).

По анализата на достапните информации за повеќе технологии на подно греење, Градам.МК ви препорачува целокупна опрема за подно греење од гермaнскиот производител TECE Gmbh која може да ја најдете во салоните на ШАТЕ.

Ова е линк до официјалната веб страна на ШАТЕ.

Сподели на социјалните медиуми: