Banner 05 Top

Подови (слој за израмнување на подовите)

Слојот за израмнување на под или кошулката на подот е важна во домот од неколку причини:

  • Изолација на подот и меѓукатната конструкција
  • Нивелирање или израмнување на меѓукатната или подната констукција за да се добие идеална подлога за поставување на завршната подна облога.

Во Македонија, во комерцијалниот дел се присутни две технологии на кошулки:

  • Стандардна цементна кошулка (цемент и песок) и
  • Самонивелирачки кошулки од различни материјали (најчесто гипс)

Начин на поставување на цементна кошулка:

Двете технологии се со различни предности. Првата е економична, додека втората е брза, со напредно ниво на рамност и предности при користење на системи за подно греење. Времето на сушење е различно кај двете технологии, но секогаш зависи од нивото на влага во објектот, вентилацијата во истиот, температурата и сл. Обично, се движи помеѓу 5 и 10 дена по центиметар висина на слој.

Вообичаено,  кошулката, за да постигне и висока термичка и звучна изолација, се поставува врз изолациски материјал како:

  • стиропор (EPS)
  • стиродур (XPS)
  • минерална (камена) волна

 

 

  • Употреба на економична цементна кошулка, кога во подот не се вградува систем за подно греење, поставена на камена волна за повишена звучна изолација или
  • Напредна и исплатлива гипсена самонивелирачка кошулка, поставена на подебел слој камена волна за повишена термичка и звучна изолацијакога во неа се вградува систем за подно греење

 

Начин на поставување на самонивелирачка кошулка, врз систем за подно греење:

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: