Banner 05 Top

Прочистувачи на воздух

Сите знаеме колку е важен воздухот кој што го дишеме во нашите домови. Во последните неколку години според мерењата во Скопје, а и во повеќето градови во Македонија загаденоста на воздухот е на високо ниво, па затоа и се актуелизираше темата на квалитет на воздух во домот, односно прочистувачите на воздух за домашна употреба. Постојат повеќе типови на прочистувачи кои што функционираат на различни принципи, но сепак најбитни параметри кога избираме прочистувач се следните:

  • тип на филтрација на воздух
  • волумен на воздух (или промена на воздух) кој што се филтрира во еден час (m3/h)
  • комбинација на филтри во самиот уред

Секогаш погледнете ја јачината на уредот, односно волумен на воздух кој што се филтрира во еден час. За да ја пресметате идеалната јачина на прочистувач за вашиот дом едноставно помножете ја квадратурата на просторот што сакате да се филтрира по висината на просторот. На пример доколку имате простор од 50м2, и висина од 2,60м = 50 х 2,6 = 130м3. Значи потребно е да барате прочистувач кој задоволува минимум 130м3/h филтрација на воздух.

Најбитна ставка е секако постоење на “HEPA” филтер во уредот за прочистување, кој ги филтрира “PM” честичките во воздухот кои се најштетни по човечкиот организам. Постојат неколку типа на “HEPA” филтри според димензиите, а секогаш треба да се запази истиот да ги филтрира и PM 2.5 честичките кои што се со големина од 2.5 микрометри во дијаметар. Останатите филтри, доколку ги има се пожелни, но не и клучни кога станува збор за прочистување на воздухот.

Стандарден HEPA филтер

 

Димензии на различни PM честички

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: