Banner 01 Top

Прозори

Изборот на квалитетни прозори, најдиректно влијае и на комфорот, осветлувањето, погледот од домот, заштитата од околната бучава, безбедност од провала, но и на енергетската ефикасност на домот.

Во Македонија денес се вградуваат неколку типови на прозори, според материјалот од кој се изработени:

  • Метални (алуминиум, челик)
  • PVC (различни типови на полимери) и
  • дрвени прозори
  • комбинации од горните технологии

 

Металните прозорци немаат потреба од одржување, се вклопуваат во куќи со модерен изглед, но имаат ниска изолациска моќ, пред се поради металната рамка, која делува како проводник на температура. Кај ваквите прозорци е можно и боење на рамките.

Современите технологии ни ги донесоа популарните PVC прозорци, со различни пресеци, а со тоа и различни својства на изолација.

Дрвените прозорци делуваат најтрадиционално и се вклопуваат во медитеранскиот тип на куќа (светлни нијанси на фасади, големи прозорци…), а во крајна линија делуваат најприродно и најлуксусно. Современите технологии неуспешно пробуваат да ја симулираат текстурата на дрвото.

Освен рамките на прозорците, кои влијаат на енергетската ефикасност и статиката на прозорците (максималните дозволени димензии), најважна ставка е стакло-пакетот (типот и бројот на стаклени слоеви, исполната, фолиите, дитанцерите, итн.).

Модерен дом со висока енергетска ефикасност не може да се замисли без повеќе слоен стакло пакет со четирисезонски и К-стакла.

Важни параметри кај прозорите:

Uf = коефициент на изолација на рамката
Ug = коефициент на изолација на стаклото
Uw = коефициент на изолација на целиот конкретен прозор (според димензиите)
Rw = звучна изолација на прозорот

 

По анализата на достапните информации за повеќе технологии на прозори, Градам.МК ви препорачува употреба на дрвените прозори на Нипром, поради:

  • широка палета на дизајни
  • можност за производство по мерка
  • системско вградување и обучен кадар
  • одлична термичка изолација на целосниот прозорски пакет
  • трајност на сертифицираните својства на прозорот

Ова е линк до официјалната страна на Нипром.

 

Сподели на социјалните медиуми: