Banner 03 Top

Ролетни и капаци

Ролетнинте кои што се поставуваат на прозорите имаат за цел затемнување односно заштита од сончевата светлина, но и од сончевата топлина во домот.

Прозорците и надворешните застаклени врати се точки на фасадата на објектот каде што се случуваат најголемите губитоци на топлинска енергија во домот. За да ја сведеме на минимум потрошувачката на енергија во најголема мера за ладење на домот потребно е добро да се размисли пред да се одлучи каков тип на ролетни и капаци ќе се вградат на фасадната столарија (прозорци и фасадни врати со стаклена исполна).

Како наједноставно и најбрзо решение со најмалку интервенции голем процент од сопствениците на домовите се одлучуваат за популарните “венецијанки”, кои што се всушност внатрешни ролетни поставени на самиот прозор или врата. Истите можат да бидат изработени од алуминиум, дрво и ПВЦ. Овој тип на ролетни се карактеризира со тоа што својата улога и намена не ја исполнува според очекувањата, а тоа се должи на поставувањето од внатрешна страна, со што стаклената површина на прозорите и вратите се загрева во топлите сончеви денови, и всушност се добива само одредено затемнување на просторот. Но и затемнувањето не е со процент кој би го посакувале заради типот и начинот на поставување на самите ролетни.

Втора варијанта која што во последните неколку години ја зголеми популарноста на нашите простори се внатрешни ролетни со исполна од ткаенина. Можат да се сретнат неколку варијации од овој тип, изработени од повеќе типови на ткаенини во разни бои и различен состав. Овој тип на ролетни иако делува по “естетски” сепак ги забележуваме истите недостатоци како и кај “венецијанките”, а тоа е затоплување на самата фасадна столарија, а со тоа и прекумерно затоплување на домот.

И трета, и според нашето искуство секако најдобра варијанта на ролетни се надворешно поставени ролетни, кои што можат да се поделат во две категории:

  • Првиот тип се надворешни ролетни кои што функционираат на принцип на “венецијанер”, меѓутоа самите хоризонтални елеметни се со поголеми димензии од внатрешните модели и со тоа се добива поголем процент на затемнување и секако на заштита од топлината од сончевите зраци

  • Вториот тип се надворешни ролетни кои што функционираат на принцип на макара и се собираат и испуштаат од горниот дел на прозорците и вратите. Овој тип според нашето досегашно искуство функционира најдобро во споредба со останатите типови на ролетни затоа што може да се добие затемнување од околу 95%, но и заштита од сончевите зраци и до 100% доколку се изработени од квалитетен материјал и поставени од искусна и обучена екипа за монтажа. Овој тип на ролетни најчесто се изработува од алуминиум или пак ПВЦ. Квалитетот и од двата материјали може да биде одличен, но сепак финалниот изглед и функционалност зависат не само од материјалот туку и од типот на механизам за собирање и пуштање. Одредени модели на алумински ролетни од овој тип можат да извршуваат и заштитна функција на домот доколку на нив се постават и механизми за заклучување кога ролетните се спуштени до најдолната точка.

 

Надворешните ролетни можат да се контролираат мануелно или пак автоматски. Мануелно се контролираат со макара поставена на внатрешната страна на прозорот или вратата, па рачно се испуштаат или собираат ролетните. Вториот начин е автоматизирана контрола на ролетните, каде што се поставува мал електричен мотор на секоја ролетна и со прекинувач поставен внатре во домот го контролираме степенот на затворање на ролетните. Одредени типови на автоматски ролетни можат да се поврзат со “смарт” систем, па преку мобилна или веб апликација да ги контролираме ролетните од било каде во светот, да поставуваме тајмери истите да се затвораат во одреден временски интервал или пак самите според јачината на сонцето да ја регулираат светлината и топлината која што ја пропуштаат во домот.

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: