Banner 03 Top

Санитарии

Кога станува збор за санитарии и санитарни елементи во домот можеме да ги поделиме во две главни категории:

А. Санитарни елементи кои се вградуваат во ѕид (под плочките)

  • вградливи казанчиња
  • вградливи батерии за вода (умивалник, туш системи)
  • секаков вид на сифонски системи (топ сифон, сифон за умивалник, сифон за машина за перење, сифони за туш кабини)
  • аспиратори за бањи (особено значајни при појава на мувла во бањата)

 

Б. Санитарии кои се вградуваат над ѕид (над плочките)

  • мијалник
  • ВЦ школка
  • туш кабина
  • када
  • аксесоари т.е. галантерија за бања
  • писоар
  • бојлер

Планирањето на санитариите и санитарните елементи, започнува во фазата на градење, односно во фазата на изведување на водоводна и канализациона инсталација. Токму пораду овој факт, многу битно е да се знае изборот на санитариите, односно санитарните елементи како изведбата на инсталациите би била безпрекорни и без грешки за функцијата на истите.
Современиот начин на живот, напредната технологија, желбата за индивидуални погодности ги прават санитарните елементи, многу круцијални за основната контура на бањата.


Денес постојат многу техничко-технолошки погодности, во смисла на високо-квалитетни производи кои овозможуваат многу лесно, брзо и квалитетно решавање на скоро сите проблеми поврзани со санитарните елемнти и санитариите.

При изборот на санитарните елементи од особено значење е квалитетот и пост продажниот сервис на истите со оглед на тоа што тие се вградуваат во ѕид или во под (под плочки).

  • TECE Gmbh (вградливи казанчиња, сифонски системи за различни намени, конструкција за бидеа, конструкција за умивалници, конструкции за писоари итн)
  • MAICO Gmbh (аспиратори за бања, аспиратори за непријатна миризба од ВЦ школката)

За санитариите исто како и кај санитарните елементи од особено значење е квалитетот бидејќи овозможува долгогодишна експлоатација но и пост продажниот сервис и достапноста на соодветни резервни делови.

По анализата на достапните информации за повеќе технологии на подно греење, Градам.МК ви препорачува санитарии за вашиот дом од реномираните прозиводители:

• DURAVIT и Villeroy&Boch (санитарен порцелан – умивалници, ВЦ школки, писоари со перфектно глазирана површина )
• HUEPPE ( туш кабини во различни димензии изработени од двојно калено стакло, со заштита од задржување на бигор и екстремно кваилтетни спони и подвижни делови)
• SONIA (галантерија за бањи, 100% хромиран месинг , перфектен дизајн и одлични функционални решенија)
• AEG (проточни бојлери од германско производство со најнова генерација на електронски греачи)

Сите горенаведени брендови може да ги најдете во салоните на ШАТЕ во Скопје и Битола.

Ова е линк до официјалната веб страна на ШАТЕ.

 

Сподели на социјалните медиуми: