Смарт домови
Под поимот “смарт дом”, подразбираме збир од технолошки елементи кои овозможуваат гласовна (или преку еден уред) контрола на повеќе елементи во домот:
- осветлување
- отклучување/заклучување на домот
- климатизација
- видео-аудио опрема
- електроника и бела-техника
- аларм-системи и системи за дојава
- гаражни врати и сл.
Можеби звучни како нешто од научно-фантастичните филмови, но ваквите системи се реалност денес и помагаат нашиот дом да го имаме на дланка без разлика каде сме.
Системите работат на Wi-Fi мрежите и најчесто имаат централна единица која прима говорни команди.
Централната единица на Google Home
Во системот може да се вклучат и сензори за присуство во секоја соба, па системот за греење и вентилација да се прилагоди на бројот на лица во секоја соба. Доколку нема никој во некоја просторија, системот може да го намали греењето и вентилацијата, па ваквите системи влијаат позитивно и на енергетската ефикасност на домовите.
Накратко, овие системи се унапредуваат со толкава брзина, посебно нивната безбедност, што додека ја читате оваа статија, веќе дел од информациите застаруваат, а на нивно место се создаваат информации за уште поефикасни и попрактични системи за контрола на домовите.
Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446