Banner 02 Top

Тапети

Тапетите во домот вообичаено се користат за естетско разубавување на просторот. Можноста за дизајни и нивни комбинации се бесконечни и сето тоа зависи од идеите на инвеститорот или пак на архитектот/дизајнерот на внатрешниот простор.

Тапетите можат да бидат со различен квалитет и изработени од различни материјали. Постојат тапети кои се користат во суви простории, но и тапети кои што можат да ги заменат дури и плочките во т.н. “мокри” простории кои што во поголем период од денот се изложени на влага, испарувања, како тоалети, бањи и слични простории.

Таптетите вообичаено се лепат за ѕидната подлога со специјален лепак, кој што се избира во зависност на претходната обработка на ѕидот, односно подлогата.

Доколку се одлучите за тапети со поголем квалитет и дебелина, истите можат дури да се постават на фрекфентни места во домот каде што често поминуваат корисниците на тој простор, со цел заштита на ѕидот од механички оштетувања.

 

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: