Banner 04 Top

Трослоен паркет

Основната разлика меѓу трослојните паркети и класичните паркети е во конструкцијата.

Трослојните паркети се составени од 3 слоеви на дрво:

  • Горен слој составен од чисто 100% тврдо дрво (јасен, даб, махагони, орев, мербау…)
    кој потоа е третиран со површински третман ( Proteco Natura, Proteco Lak, Proteco Hardwax Oil, Proteco Strong…)
  • Среден слој составен од вкрстени летвици со цел да обезбедат стабилност на секоја даска.
  • Балансирачки слој кој дополнително ја зголемува стабилноста и спречува одделување на даските.

Предноста кај трослојните паркети на Tarkett:

  • Долготраен, стабилен и сигурен под.
  • Погоден за подно греење.
  • Фабрички заштитен со површински третман.
  • Лесна инсталација. Можност да се реди со или без лепак благодарение на T-lock клик систем кој обезбедува готово невидлив спој а сепак сигурен.
  • Произведен од најквалитетно дрво кое е третирано во контролирани услови. Гарантирана влажност од 6–8% max што претставува оптимум за стабилен и сигурен под.
  • Tarkett постои од 1886 година. Повеќе од 130 години искуство при производство на паркет и останати подови.

Предност на трослојните паркет Tarkett во однос на конкуренцијата.

Монтажата на трослојните паркети  може да се изврши на два начина:

  • Пливачки под (без лепење), поставување со клик систем
  • Со лепење на подлогата

Кога станува збор за поставување на материјалот со лепење за подлогата, треба да се посвети особено внимание на тоа каков лепак ќе се користи. Малкумина производители располагаат со лаборатории како онаа на Chimiver која гарантира за хемискиот и физичкиот состав за секој производ.
Константното тестирање на суровините пред и после производствениот циклус имаат за цел да ја загарантираат сигурноста на овие производи. Chimiver е фокусиран на потребите на потрошувачот и обраќа посебно внимание за тоа што се користи во домашни услови при поставување на паркет и останати дрвени подови.

Производителот Chimiver нуди прајмери на водена база кои не испаруват или испуштат штетни хемикалии во воздухот кои се наменети против прашина во кошулица и подобра врска со лепакот.
Соодветни лакови, бои, лепаци и прајмери погодни за подно греење со брзо врзувачко својство.

По анализата на достапните информации за трослоен паркет, Градам.МК ви препорачува употреба на “Tarkett” трослоен паркет, како и употреба на Chimiver лепаци и прајмери кои што можат да се најдат во продажните салони на “Лав Комерц”.

За повеќе информации, ова е линкот од страната на трговецот.

 

Сподели на социјалните медиуми: