Влезни врати
Кај влезните врати мораме да зборуваме за неколку важни нешта:
- материјалот од кој се направени
- нивото на заштита кој го нудат
- изолацијата на вратата (звучна и термичка)
Дрвена еднокрилна врата со странично застаклување од калено декоративно стакло
Материјалот е важен поради дизајнот, одржувањето на вратата, како и трајноста на системот. Побарајте дизајн кој Ви одговара, но и производител кој нуди врати од сертифицирано дрво.
Нормално и во овој сегмент се појавуваат производи од современи, нови материјали:
- PVC (обоена пластика, во широка палена на нијанси)
- Метални врати (текстури и ефектни обработки), итн.
Но, скоро по дефиниција, топлината на целокупниот дизајн и израз на семејниот дом, го дава масивна и модерна дрвена влезна врата.
По анализата на достапните информации за повеќе технологии на влезни врати, Градам.МК ви препорачува употреба на вратите од производителот Нипром, поради:
- широка палета на дизајни
- можност за производство на различни димензии
- сертифицирани и квалитетни сировини за производство
- сертифицирани системи со гаранции на производство и вградување
- техничка поддршка при избор, планирање, вградување и користење
- целосно македонско производство
Ова е линк до официјалната страна на Нипром.