Banner 03 Top

Водовод

Инсталациите за водоводна и канализациона мрежа играат значајна улога во градбата или реновирањето на објектот, особено бањата. Употребата на квалитетни материјали за водоводна и канализациона инсталација имаат огромно значење, бидејќи од нив зависи квалитетното функционирање, споредувајќи ги со крвотокот во човечкиот организам.

 

Секако треба да се напомене дека сето тоа зависи од квалификацијата на инсталатерите, но за тоа дополнително ке се обратиме во друга тема.

За водоводната инсталација треба да се напомене дека покрај висококвалитетни цевки и црева (полиетиленски) треба да се употребуваат и спојни , врзивни делови (понатаму во текстов – фитинзи) кои ќе овозможат брзо, сигурно, лесно или со еден збор високо-квалитетно поврзување со цевката односно цревото. Препорачуваме да спојот помеѓу цевката/цревото и фитингот е направен од атестиран, сертифициран апарат или алат, со што факторот работна рака на инсталатерот се исклучи поради можноста за дефекти при спојувањето ( во смисол да се избегнува употребата на ППР цевки, каде што се употребува пегла за загревање на цевката и фитингот, а потоа инсталатерот врши спојување на истите или употребата на касетен полиетиленски систем со холендер спојка за фитингот).

Секако дека индивидуалните потреби на крајниот потрошувач за соодветни батерии за вода или туш системи, за да ја добијат целосната функционалност потребно е да се поврзани со соодветна водоводната инсталација односно димензијата т.е. профилот на цевката да биде соодветен, така да инстелатерот односно проектантот соодветно треба да ги предвиди димензиите на цевките.
Канализационата инсталација исто како водоводната е од есенцијално значење. Често пати дефектите, како протекување, запушувањето, се многу пати непријатни, предизвикуваат огромни штети и во поединечни случаи се екстремно специфични и течки за санирање и поправка.

Сакаме да напоменеме дека постојат и специјални ниско-звучни канализациони инсталации кои значително или целосно го намалуваат звукот предизвикан од циркулирање на водата.

По анализата на достапните информации за повеќе технологии водоводна и канализациона инсталација во домот, тимот на Градам.МК ви препорачува употреба на:

  • TECE Gmbh (германски производител на полиетиленски цевки за водоводна инсталација и спојување на фитингот со специјална преса, во различни профили (димензии) на цевката и систем со тештик разгранување)
  • Ostendorf-Kunststoffe (германски производител на цевки за канализациска инсталација, стандардни и ниско-звучни).

Овие материјали за водоводна и канализациона инсталација можете да ги најдете во продажните салони на ШАТЕ Керамика.

Ова е линк до официјалната веб страна на Шате Керамика.

Сподели на социјалните медиуми: