Banner 02 Top

Зелени фасади

Зелените фасади стануваат сé поинтересни во регионов, од што новите куќи имаат неколку користи:

  • Системите на зелени фасади позитивно влијаат на енергетската ефикасност на објектите, со тоа што не дозволуваат загревање на фасадните ѕидови летно време
  • Со нивното дишење (испарување на вода) позитивно влијаат на микроклимата во околината
  • Изгледаат совршено природно, комфорно и модерно

Водењето на ползечки цвекиња по фасадите отсекогаш било пракса и во Македонија, со таа промена што денес постојат развиени системи на фиксирање, водење и прихрана на цвекињата и зеленилото по фасадните ѕидови.

Секое растение си има посебен начин на прикачување на ѕидот, па треба да се внимава и на тие детали.

Климата во Македонија дозволува лесна употреба на два типа на ползечки цвекиња:

  • Англиски бршлен (Hedera Helix) и
  • Трилисниот ползавец (Parthenocissus)

   

                    Англиски бршлен                                           Трилистен ползавец

Ова се растенија кои имаат буен волумен летно време, а лесно ја презимуваат и најладната македонска зима.

Англиски бршен, на фасада на локална англиска куќа

Трилисниот ползавец, во прекрасна есенска декорација на куќа

Во планирањето на куќата, мора да се внимава на типот на водење и прихрана на зеленилото. Можни детали на изведба:

          

Секако, со професионална помош можни се решенија со различен тип на растенија, различно обесување, детали за избегнување на инсекти и штетници, употреба на суплементи на почва и сл.

Зелена фасада на објект во Мадрид (atelier GROENBLAUW, Amar Sjauw En Wa)

Доколку сте професионалец во оваа категорија и сакате да бидете дел од тимот на Градам.мк, контактирајте не на нашата email адреса info@gradam.mk или пак на тел. +389 75 342 446

Сподели на социјалните медиуми: