Banner 02 Top

За нас

Градам.МК е авторски проект на група искусни архитекти, со повеќе од доволно искуство во проектирање, изведба и надзор на објекти од високоградба.

Желни да го споделиме своето искуство и да им го олесниме патот на идните инвеститори во свој дом, куќа, ја оформивме Градам.МК и ја замисливме како најрелевантен on-line советник за правилен избор на елементи за изградба на сопствена куќа.

Во секој текст, идеја и препорака се вградени илјадници часови поминати на објект, мерење на резултатите од вградените елементи, собирање на искуства од задоволни и незадоволни корисници на добро или послабо испланиран простор, желба да се помогне во павилниот избор и конечно, онаа врвната идеја – на идните инвеститори да им се намали стресот кој неизбежно го следи процесот на градење на куќа.

На едно место, ги собравме технологиите, системите, брендовите кои ни го олесниле процесот на градба, кои обезбедиле современи, модерни и квалитетни материјали, комбинирани во економични системи, изведени од обучени мајстори и со сертифицирана трајност и безбедност.

Како архитекти, како професионалци, овој склоп на совети секојдневно го користиме во своите проекти, а на Градам.МК несебично ги споделуваме, без прекомплексни детали непотребни за крајниот корисник, но доволно јасно и кратко, за крајниот корисник да добие вистинска слика и реални очекувања од материјалите и системите кои ќе значат негов нов дом.

Верувајте ни. Довербата ја имаме заложено на стотици објекти низ Македонија и кај цела низа задоволни инветситори.

Се надеваме дека информациите на страницава ќе ви бодат од корист!

Срдечно Ваши,
Тимот на Градам.МК

Имаш прашања?